понеделник, 4 мај 2026

Кривични пријави против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров, се подготвуваат пријави и за родителите

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на утрешниот ден, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници.

„На 29.04.2026, Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје,  поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела ‘насилство’, предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видеозапис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа“, наведува МВР.

Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје и се постапува согласно Законот за правда за децата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ