понеделник, 4 мај 2026

ДИК овозможи гласање до 19.30 за граѓани кои се нашле кај избирачките места

Објавено на

часот

Сподели

Даштевски рече и дека Државната изборна комисија повикува на воздржаност од политички активности до 19.30 часот, со цел затекнатите граѓани на избирачките места да можат да го остварат своето право на глас.

Претседателот на ДИК Даштевски беше затрупан со прашања од типот врз основа на која законска одредба  се озозможува гласање до 19.30 и дали ДИК прави забуна и преседан имајќи предвид дека никогаш досега не било продолжено гласањато ниту овозможено за граѓани кои се надворе од објектот каде што се гласа.

Тој одговори дека е законски граѓани да го остварат своето право и дека е добро што се носи такво решение, а тајмингот е определен врз база на консултации со избирачките одбори кои сметаат дека гласањето може да приврши за тие 30 минути.

Даштевски, информира дека резултатите ќе бидат внесени директно од избирачките места за првпат во историјата и ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК за Локалните избори 2021.

„Што се однесува до излезноста на 2.785 избирачки места процентот е 79,25. Вкупен број на запишани избирачи на тие места е 1.415.409, вкупен број на избирачи кои гласале на тие места од кои пристигнале податоци е 697.637, а процентот на избирачи кои гласале во изборните места од кои пристигнале податоци е 49,29“, изјави Даштевски.

Следната прес-конфернеција на ДИК е закажана во 21 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ