недела, 3 мај 2026

Денеска oд Битола почнува дистрибуцијата на доверливиот гласачки материјал

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски изјави дека станува збор за доверлив материјал кој содржи гласачки ливчиња и изводи од избирачкиот список.

„Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Утре ќе ги предадеме и уредите за биометриска идентификација на гласачите во сите ОИК и изборната комисија за Град Скопје. На овие Локални избори има рекорден број на кандидатски листи, а тоа значи и многу материјал кој навреме ќе се дистрибуира“, посочи Даштевски.

Во битолската печатница „Киро Дандаро“ отпечатени се околу 4,5 милиони ливчиња и материјал што го придружува избирачкиот материјал за реализација на изборите, истакна Драги Милошевски, генерален менаџер на печатницата.

„Овие гласачки ливчиња заштитени со над 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, ниту пренесување на ливчиња од едно на друго избирачко место затоа што сите ливчиња се обележани и заштитени. За печатење на избирачкиот материјал потрошивме околу 40 тони хартија за ливчиња и дополнителни 20 тони хартија за записници. Изработивме гласачки ливчиња за 80 општини и Град Скопје, за секоја општина посебни ливчиња, потоа ливчиња кои некаде се двојазични или тријазични во зависност од општините и се што отпечативме беше во зададениот рок, односно за 20 дена“, потврди Милошевски.

 ДИК и АД печатница „Киро Дандаро“-Битола потврдија дека изработката на материјалот се вршела со максимална заедничка соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ