сабота, 2 мај 2026

Дендиас: Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за весникот „Реалњуз“, Дендиас, како што јавува МИА од Атина, ја повтроил поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови и додава дека се надева на одржување на првата меѓувладина седница со ЕУ.

„Но, основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на одредбите и духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Дека во самиот договор постојат проблематични точки, е познато, а Нова демократија, тогаш како опозиција, навремено го изрази нејзиното спротивставување за конкретните членови. Но, Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин. Иако се направени доста чекори во оваа насока, сепак постои многу простор за подобрување како од јавните, така и од приватните ентитети“, вели Дендиас.

Тој порачува дека не треба да се даваат погрешни изјави „што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ“, бидејќи таквите изјави „не помагаат во подобрувањето на климата во билатералните односи и сигурно не ја зајакнуваат европската перспектива на земјата“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ