Даштевски информираше дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.
„Само на шест места сме донеле одлука да се глава со УВ ламба, односно во Ново село, Старо Нагоричане, Студеничани, Чаир и на две места во Чучер Сандево. Апелирам да не се прави тоа онаму каде е направен обид, во спротивно може да дојде до последици, односно санкционирање на Избирачките одбори, како и поништување на гласањето. Уредите работат добро, а онаму каде на 6 места е прекинато, нагласувам дека се работи за планински места на кои не може да дојде екипа да ги поправи. ДИК доби неофицијални информации дека на некои избирачки места самоиницијативно членовите на Избирачките одбори одлучиле да не ги користат уредите за отпечаток на прст. Тоа се незаконски одлуки на тие лица, бидејќи во спротивно согласно Измените во законот гласањето ќе мора да биде поништено гласањето и не може да не се носат такви одлуки без одлука на ДИК. За овие лица ќе има санкции, доколку се утврди дека без решение од ДИК сами носеле одлуки”, вели Даштевски.
Тој појасни дека изборниот молк трае додека трае гласањето и дека на сите кои ќе се затечат на местото треба да им се дозволи да гласаат.






