вторник, 5 мај 2026

Чернева: Западен Балкан ја губи довербата во ЕУ и тоне во своите проблеми

Објавено на

часот

Сподели

Според Чернева, проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, не само што се сопна, туку се врати назад. Таа во интервју за Бугарското национално радио вели дека земјите од Западен Балкан потонале во сопствените проблеми, а евроинтеграциите престанале да бидат катализатор за реформи и стимулатор за политичарите.

Како што пренесува МИА, Чернеева учествува на белградскиот безбедносен форум, на кој била коментирана улогата на Бугарија на секоја средба на многу негативен начин во врска со бугарското вето, кое ги спречи Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ.

Таа предвидува дека акумулацијата на критичните точки на Балканот, особено околу српските заедници, може да стане проблем, наведувајќи ги како пример тензиите во Босна и Херцеговина кои растат во последните месеци и кои може да кулминираат за две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ