понеделник, 4 мај 2026

Бугарското Министерство за одбрана ќе истражува дали имало гробница во близина на Кавадарци

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на Бугарија започна истрага по тврдењата на Фондацијата Македонија и бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за можно сквернавење на бугарски воени гробишта во Република Северна Македонија.

Споменик од гранит со крст и спомен плоча на 193 -те бугарски војници убиени за време на Првата светска војна се наоѓаат на 12 километри од Кавадарци, во непосредна близина на новоизградениот автопат што треба да го поврзе Скопје со Прилеп.

Екипа на Бугарската национална телевизија која денеска го посетила местото, јави дека двата споменика во близина на Кавадарци, се целосно недопрени.

БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.

Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта. Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ