Бучковски во интервјуто најавува дека во Македонија ќе се сменат учебниците по историја, по географија, па дури и по литература, само за да се добие датум за преговори со ЕУ.
Специјалниот пратеник е согласен со тоа во македонскиот Устав да се даде дополнителна гаранција за македонските граѓани кои се чувствуваат како Бугари.
Бучковски се надева на успех на работата на комисијата за историските прашања, која има обврски да предложи решенија за хармонизација на учебниците по историја, географија и литература. Тоа е многу важно за идните поколенија, вели тој.
Во врска со обвинувањата на бугарската страна за говор на омраза во Македонија, Бучковски вели:
„Не можеме да ги спречиме универзитетите или академиците, кои говорат од свое име, да прават штети. Во Македонија се бориме со тие провокации. Тоа ќе биде една од најделикатните задачи. Ќе треба да сме поупорни, зашто во говорот на омраза има сериозен список, што треба да прават едната и другата страна, повеќе македонската страна. Тоа е точката каде или ќе дојдеме до зголемување на довербата или повторно ќе имаме успеси и падови“. Во однос на ова прашање за Бучковски проблем е односот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која покажува нервоза.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ е нервозна и обвинува за предавство, да знаете дека работите се движат и може да има договор“, вели тој.
Еве го целото интервју за Бучковски:






