„Во Скопје е време за промени. Благодарам за поддршката и за сите кои го дадоа гласот за мене. Овој резултат покажува дека е време за модерно Скопје како и дека сакаме да живееме во модерен град. На овие избори беше важно да се победиме за поубаво Скопје. Им честитам и на останатите кои се во трка за да направиме промени за градот. Настапот и програмите на овие кандидати внесоа енергија за нова трка. Како човек кој што ќе го води градот Скопје, кој што ќе биде модерна метропола, ги повикувам сите кои не сте задоволни од досегашните градски власти, да се здружиме и да ги поразиме. Видовме што може да направи овој досегашниот градоначалник, кој што не реализира ниту 5 отсто од она што го вети. Овие 3 недели за мене беа една интересна трка, каде се покажа дека ниту црната кампања не поминува повеќе кај скопјани. Време е за промени, за позитивни промени во Скопје. Она што е важно е дека денес е нов почеток за следниот круг на избори. Не застануваме, туку заедно продолжуваме и во вториот круг да излезете во уште поголем број. Ниту еден ден скопјани повеќе не треба да живеат во метеж и во урбанистички хаос“, изјави Арсовска.
Арсовска: Водам пред Шилегов со 5.334 гласа, време е за промени во Скопје

ТОП ВЕСТИ





