Трамп обвини некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во нивната војна против Иран. Како дополнителен знак на незадоволство од своите европски сојузници, САД во петокот објавија планови за повлекување на 5.000 војници од Германија.
„Да, имаше одредено разочарување од американската страна, но Европејците слушаа“, изјави Руте пред новинарите на самитот на Европската политичка заедница во Ерменија.
„Сега тие се осигуруваат дека сите билатерални договори за базите се спроведуваат“, додаде тој.
Шпанија, членка на НАТО, изјави дека воените бази на нејзина територија не можат да се користат за војна против Иран. Сепак, Руте рече дека другите земји-членки на НАТО, како што се Црна Гора, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Италија, Велика Британија, Франција и Германија, ги спроведуваат барањата за користење на бази и друга логистичка поддршка, пренесува Ројтерс.
Руте, исто така, изјави дека сè повеќе европски земји однапред распоредуваат средства како што се ловци на мини и миночистачи во близина на Заливот за да бидат подготвени за „следната фаза“.
Повеќе европски земји ја искажаа својата подготвеност да учествуваат во мисија што би обезбедила слобода на пловидба низ Ормускиот теснец по завршувањето на војната.






