„Во текот на денот беа регистрирани неколку вакви обиди, главно во Гостивар, Желино, Струга, Тетово и други места, каде што беа направени обиди за ескалација на ситуацијата. Нервоза и паника се забележуваат кај членовите на комисиите, партиските активисти на ДУИ во повеќето општини каде што веќе ја чувствуваат поразот. За среќа граѓаните не паднаа на провокациите или притисоците и слободно излегуваат да го остварат своето право на глас.
Исто така, во некои избирачки места имаше проблеми со опремата за идентификација на отпечатоци од прсти, ова предизвика одложувања и долги редици. Апелираме до ДИК, Министерството за внатрешни работи, Обвинителството и сите други органи да реагираат, да ги запрат оние што сакаат да го извалкаат овој важен демократски процес и да ги елиминираат техничките пречки. Граѓаните продолжуваат да гласаат бидејќи денес е нивен ден и никој не може да го спречи тоа“, соопшти Алијанса за Албанците и Алтернатива.






