Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива објави дел од имињата на лица кои добивале плата, а податоците се добиени од интернет страницата „Отворени финансии“:
„- Албона Меџани Синани, сопруга на Бетим Синани, роднина на Теута Арифи, со договор за дело, добива плата во износ од 15.000 денари месечно. Живее и работи во Германија.
– Руџул Сулејмани, сопруга на Вахид Сулејмани-директор на финансии во Општина Тетово, прв братучед на Теута Арифи. Никогаш нема работено во општината, добива плата во износ од 30.000 денари месечно.
– Арлинд Зечири, бивш министер и функционер на ДУИ, секој месец добива плата во износ од 17.000 денари. Никогаш нема работено во општината.
– Рудина Фазлиу, сестра на Арменд Фазлиу, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата од општината во износ од 15.000 денари, иако тој работи во компанијата Ecolog.
– Хидије Цека, сопруга на бивш директор на Јавното Комунално Претпријатие, Џелал Цека, секој месец добива плата од општината во износ од 25.000 денари, а никогаш нема работено во општината.
– Валмир Алили, сопруг на Вјолца Алили, вработена во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата во износ од 15.000 денари, иако не работи во општината туку има приватна компанија.
– Генти Исмаили, брат на Арди Исмаили, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата од општината во износ од 30.000 денари, а никогаш нема работено во општината.
– Јетон Пустина, вработен во неколку институции, секој месец добива плата во износ од 20.000 денари од општинскиот буџет за да извршува политички и партиски активности по собирите на Теута и на ДУИ“.
Слични листи, со вработени со договор за дело има и во Јавното комунално претпријатие, каде што исто така има многу блиски лица на Теута Арифи и на неговиот сопруг, но, исто така и блиски на други функционери на ДУИ, коишто примаат плата со години, а немаат никогаш отидено на работа, соопшти коалицијата.
За сите овие малверзации и злоупотреби од страната на Теута Арифи, како што беше речено, ќе бидат информирани Обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните институции, амбасадите на европските држави и Амбасадата на САД.






