„Во Гостивар нашиот фонд на гласови е зголемен за 100 проценти, но немаме конкретни резултати. Во втор круг со предност одиме и во Чашка. Во втор круг ДУИ оди и во Врапчиште”, рече Ахмети.
Тој потоа дополни дека одличен резултат партијата има и во советите во Шуто Оризари и во Битола, како и во Охрид, Велес, Чучер Сандево, но и во Куманово.
„Локалните избори се уште еден успех на ДУИ, уште една победа. Притоа, преку нашите кандидати го зголемивме вкупниот број на гласови за партијата на која тие ѝ припаѓаат. Им честитам на сите шефови на изборни штабови, од најниско до највисоко ниво. Им се заблагодарувам на сите наши верни гласачи кои се определија за агендата на животот на ДУИ, која беше претставена пред избирачите“, рече Ахмети.






