Тој фотографирал секој ден во 14:50 часот.
„Временските услови во голема мера ми излегоа во пресрет. При делумна облачност, магла или тенки слоеви на провидни облаци сепак сликав, бидејќи ми требаше само точната позиција на Сонцето на небото, а не остра или совршено направена фотографија. Само три пати облачноста беше толку густа што сликањето беше невозможно. Тие три позиции се претставени на финалната фотографија преку Сонце со послаб интензитет“, вели тој.
Единствено прилагодување било потребно при преминот од летно на зимско сметање на времето.
„Сонцето не го следи нашето поместување на часовникот, туку се движи според универзалното време (UT) и не знае дека ние ги поместивме стрелките за еден час. Па така јас го поместив фотографирањето за еден час и наместо во 14:50 сликав во 13:50. Така останував во чекор со Сонцето, а не со часовникот. Во март, кога се вративме на летно сметање на времето, сликањето се врати на 14:50“, напиша Кузмановски на својот фејсбук-профил.
Фотогрфирањето на сончевата аналема е еден од потешките астрофотографски потфати.






