вторник, 18 ноември 2025

Отворен повик за наградите „Предводници на одржливиот развој“

Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот на одговорни бизниси на Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд, го објави повикот за доделување на наградите „Предводници на одржливиот развој“. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество. Целта е да се истакнат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, општествена одговорност, ESG и позитивна трансформација на заедницата.

Компаниите може да аплицираат за наградите во осум категории, климатска акција и зачувување на природата (вклучително циркуларна економија); партнерства за одржлив развој; бизнис и човекови права, добри соседи (вложување во заедницата); благосостојба на вработените; придонес кон квалитетно образование и искоренување на сиромаштијата; одговорен производ или услуга (за компании и социјални претпријатија), повелба Горан Лазаревски за лични заслуги кон одржливиот развој.

На повикот можат да аплицираат сите компании (и во поединечни категории социјални претпријатија и индивидуалци) што имаат реализирано иницијативи или проекти поврзани со одржлив развој во 2024 и/или реализираат во 2025 година. Секоја компанија може да поднесе повеќе пријави во различни категории. Се аплицира онлајн или со апликација испратена на [email protected] најдоцна до до 28 ноември 2025.

Евалуацијата на апликациите ќе ја спроведува комисија вклучувајќи експерти и практичари од областа, а избраните финалистити продолжуваат на интервју со комисија. Победниците ќе бидат објавени на пригоден јавен настан во Скопје.
Врз основа на квалитетот на апликациите комисијата го задржува правото и да не додели награда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ