четврток, 17 јули 2025

Општина Аеродром ќе додели еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош во висина од 3.500 денари за семејствата, чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од денеска – 2 јули до 30 септември, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Потребно е до архивата на општината да се поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година, заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид – лична карта или патна исправа на барателот“, појаснуваат оттаму.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци, што треба да се пополнат, можат да се најдат на интернет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ