недела, 17 мај 2026

Во земјава заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓанин

Објавено на

часот

Сподели

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 417.141 граѓанин.

Прва доза вакцина вчера примиле 7.751 граѓанин, а вчера вкупно се вакцинирале 9.213 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани.

Со последните бројки 54 % од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 52 % од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 47 % од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 39 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ