„Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови ја дисперзираа зголемената работа на медицинските лица во поликлиниките и го смали редот на чекање за граѓаните. Вакцини има доволно од сите производители, а на неделно ниво со нови пратки истите се надополнуваат. Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација на населението ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме повторно да живееме безгрижно и без ограничувања. Ве повикувам сите да издвоите еден час од вашето време во денот и да се вакцинирате во најблискиот пункт до вашето место на живеење“, напиша Филипче.
Во Македонија аплицирани се 1 милион дози вакцини

ТОП ВЕСТИ





