„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваатдолгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи“, напиша Николоски во својата објава.
Ова, додаде, е реализација на договорот што Николски го постигнал со хрватскиот вицепремиер и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава.
„Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи“, објави вицепремиерот Николоски.






