понеделник, 18 мај 2026

Вчера вакцинирани рекордни речиси 20 илјади граѓани

Објавено на

часот

Сподели

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани.

Според податоците од Министерството за здравство, со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 62% од населението над 70 години, 59% од населението над 65 години, 54% од населението над 60 години и 44% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ