Министерството за здравство забележува дека и во текот на вчерашниот ден значително е зголемен интересот за вакцинацијаа сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
„Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во соопштението на Министерството.
Вакцинацијата се одвива и без закажување на вакциналните пуктови, а се одвива и теренска вакцинација. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, потсетува Министерствотго.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, порачува Министерството за здравство.






