
Во државата досега вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани.
Со последните бројки со барем една доза вакцина се вакцинирани 54 % од населението над 70 години, 52 % од населението над 65 години, 47 % од населението над 60 години и 39 % од населението над 50 години.
Според податоците од Министерството, преку веб платформата vakcinacija.mk досега се пријавиле 494.389 граѓани.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.






