среда, 20 мај 2026

Со модуларната болница во Тетово имало проблеми веднаш по техничкиот прием

Објавено на

часот

Сподели

Во април по отворањето на модуларната болница економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми, изјави дека побарал од фирмата изведувач да ги отстрани пропустите, на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. „Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба“, изјави тогаш Етеми.

На 23 август некој го пресекол системот за централен довод на кислород низ објектите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургентно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка. Тогаш немало никакви проблеми за пациентите.

„Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти“, изјави тогаш д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клиничката болница.

Неколку дена подоцна полицијата соопшти дека било приведено 42-годишно лице од селото Желино како осомничен за оштетување на цевките во болницата.

Капацитетот на модуларната болница беше за 35 пациенти, а во моментот на трагедијата, вчера во неа биле сместени вкупно 24 пациенти.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ