среда, 20 мај 2026

Смртноста на пациенти со ковид е поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани, порача Филипче

Објавено на

часот

Сподели

Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, односно до крајот на август изнесуваше под 30%, а бројот на починати со ковид е 73.

Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни.

Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции, додава Филипче. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ