сабота, 16 мај 2026

Пет специјални транспортни фрижидери за Институтот за трансфузиона медицина

Објавено на

часот

Сподели

Овие преносливи фрижидери, како што соопштија од „Интајм МК“, се дел од стратешките вакцинални планови на многу развиени земји, бидејќи ги исполнуваат највисоките стандарди за транспорт и чување на вакцини во изолирани и рурални средини. Поради малите димензии тие се идеални за клинички испитувања, чување и транспорт на лекови и препарати.

„УПС“ и неговиот локален партнер „Интајм МК“ преку својот единствен ланец за испорака редовно вршат достава на вакцините на „Фајзер“/„Бионтек“ до Институтот за транфузиона медицина во Македонија.

Стеван Пановски, директорот на „Интајм МК“, му ја предаде донацијата на директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Садула Усеини, во присуство на раководителот д-р Рада Грубовиќ и лаборантот трансфузист Елица Јовановска.

„Здравствените работници веќе втора година се борат секојдневно за спас на човечки животи кои се загрозени поради ковид-19. Крајот на епидемијата почна да се наѕира со почетокот на вакцинацијата. Сега здравствени работници се ангажирани и во обид да вакцинираат што поголем дел од населението. „УПС“ и „Интајм МК“ им се заблагодаруваат на сите вклучени во справувањето и спречувањето на кризата предизвикана од ковид-19 и верувам дека оваа наша донација ќе биде од мала помош за тие обиди“, рече Пановски.

Усеини се заблагодари за донацијата и посочи дека за Институтот за трансфузиона медицина, кој е активен во процесот на чување и дистрибуција на вакцини, кои бараат и соодветен транспорт т.е. ладен ланец, оваа донација ќе овозможи соодветен транспорт на вакцините кои се чуваат на гореспоменатиот температурен транспортен опсег. Со ова, како што нагласи, се зголемува сигурноста на нивниот транспорт и се почитуваат стандардите за квалитет.

Мобилните транспортни фрижидери во иднина Институтот за трансфузиона медицина ќе ги користи за транспорт на свежо смрзната плазма. Оваа донација се совпадна со 25-годишното постоење на „Интајм МК“ кој постојано и успешно го опслужува пазарот во доменот на експресни курирски и карго испораки, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ