сабота, 16 мај 2026

Битката за ПМФЛ продолжува: Победи на Брегалница, Скопје, Шкендија и Охрид

Трката за Првата лига ќе се решава во последното коло, откако Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново денеска забележаа убедливи победи и останаа во игра за местата кои водат во елитата.

Објавено на

часот

Сподели

Брегалница без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Осогово со 0-3 и така ја задржа лидерската позиција на табелата. Штипјани во последното коло против Победа ќе имаат шанса да го потврдат враќањето во Првата лига.

Скопје не дозволи кикс и со убедливи 1-7 го декласира Големо Коњари, па остана израмнето со Брегалница на врвот со по 68 бодови. Во трката останува и Шкендија Арачиново која со сигурни 5-1 беше подобра од Новаци.

Интересно беше и на останатите натпревари од колото. Слога Виница славеше против Преспа со 3-2, Вардар Неготино во ефикасен меч ја совлада Победа со 3-5, додека Тетекс беше убедлив против Кожуф и победи со 1-4. Беласица минимално триумфираше против Каменица Саса со 1-0, а Охрид славеше на гостувањето кај Детонит со 0-2.

На табелата Брегалница и Скопје имаат по 68 бодови, Шкендија Арачиново е веднаш зад нив со 66, додека Охрид останува на 62 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ