Со последните бројки, соопшти Министерството за здравство, 54 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.






