
Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот треба да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите, а приговори на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.
Од Министерството додаваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени в понеделник, 4 октомври 2021 година.






