недела, 17 мај 2026

Филипче најави дека ќе го вакцинира синот со „Фајзер“

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање дали како пример ќе ги вакцинираат своите деца тој одговори: „Да, се разбира. И мислам дека треба тоа да се направи, тоа е единствен начин за да стигнеме до соодветен процент на колективен имунитет“.

„Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на „Фајзер”. Така да, јас директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече Филипче чиј син има над 12 години.

Министерот за здравство рече дека засега нема да има рестриктивни мерки. 

„Засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. За конкретни наши евентуално препораки ќе разговараме оваа недела на состанот на Комисијата за заразни болести. Тоа што се уште не се знае, а чекаме да излезат публикации се информациите кои ни требаат во врска со тежината на клиничката слика односно да видиме како се однесува овој вирус кај луѓе кои се или не се вакцинирани. Затоа акцент ставаме на вакцинацијата. Апелираме што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што после оваа мутација може да дојде некоја друга“, истакна Филипче.

На Комисијата, посочи, ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез на границите, иако гледаме дека во многу земји во регионот покрај тоа што имаат некакви рестриктивни мерки, како во Грција на пример, има пораст на заболени.

„Значи треба да се препорачаат мерки кои треба да бидат ефикасни. Во овој момент ситуацијата е мирна, нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19, така што во овој момент некакви рестриктивни дополнителни мерки што се однесува до функционирањето не се препорачани“, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на болницата „Св. Еразмо” во Охрид по повод реконструкција и опрема за Центарот за физикална терапија.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека со кредитот од Светска банка целосно ќе се опреми болницата „Св. Еразмо” во Охрид, како и Ургентниот центар во Тетово и новото крило во болницата во Струмица.

Филипче при посетата на болницатата беше придружуван од министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ