Посочува дека тоа денеска го договориле со торакалниот хирург, проф.д-р Волтер Клепетко кој лани го предводел тимот хирурзи кои успешно извршија трансплантација на бели дробови на пациентка заразена со Ковид-19.
„Ова беше првпат во Европа едно лице заразено со коронавирус да има трансплантација на бели дробови од донор. Со д-р Клепетко договоривме соработка и во други области во хирургијата. Чест ми е што денеска беше мој гостин, за спомен му подарив пеперутка во филигран, со себе да ја понесе традицијата и умешноста на нашите мајстори на филигранството“, напиша Филипче.






