
И двајцата немаат никакви симптоми на болеста, а присуството на коронавирусот е откриено случајно.
„Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР-тест за да се вратат во Германија, каде што живеат и работат. Притоа е откриено дека имаат ковид-19 и дека е од делта-сојот. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејството што се кажани, исто така се во домашна изолација и сите се следат секојдневно“, вели епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.
Во Тетово има 24 активни случаи на болни со ковид-19, а во Клиничката болница нема луѓе што се на болничко лекување.






