недела, 17 мај 2026

Децата од Гевгелија имале обична вирусна инфекција неповрзана со ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Оваа масовна појава на инфекција кај деца не е забележана во ниту еден друг град.

Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и дали во изминатава година го поминале ковидот асимптоматски. И тоа не е случај. Ниту едно дете нема антитела за прележан ковид и вториот момент кој се испитуваше беќе зошто сега во толкава бројка и во еден регион. Но, по информацијата дека има зголемена бројка на деца и во болницата во Козле, очигледно дека имуниот систем сега на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома и сега децата доаѓаат во контакт со предизивикувачи и на тој начин реагира имуниот систем. Значи нема никаков простор за паника, битно е дека нема никаква врска со ковидот, со имунитет, реакција, така да е обична вирусна инфекција, рече Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ