недела, 17 мај 2026

Четири случаи во Тетово сомнителни на јужноафриканскиот сој, Филипче вели нема потреба од рестриктивни мерки

Објавено на

часот

Сподели

Според Филипче, четири случаи треба да се секвеционираат на јужноафриканскиот сој што значи има и други соеви присутни во земјава. Станува збор за четири лица од Тетово врз основа на скринингот се сомнителни на јужноафриканскиот сој на ковид-19. Информацијата за овие случаи ја добил утрово од академик Александар Димовски од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ при МАНУ.

„Тоа значи дека, ете, има и други соеви во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, скрининг, анализа. Утрово разговарав и со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во приватната болница и нема податоци за нови случаи со делта сој“, изјави Филипче на отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен крст.

Сепак, според Филипче, во моментов ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна и нема потреба да дополнителни рестриктивни и мерки за заштита од оние кои веќе се на сила. Политиката на затворање, вели, се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините.

„Сега кога го има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација“, рече Филипче.

Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување. Подготовките за теренска вакцинација се при крај и наскоро се очекува и објавување на распоредите за нејзино спроведување.

„Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Вакцинацијата треба да биде фокусот, а не да живееме во рестрикции. Гледаме дека и Англија, иако има нови случаи, се попуштаат мерките. Да не живееме затворени, туку да се вакцинираме масовно“, рече Филипче.

Тој додаде дека сите вируси, особено РНК вирусите многу мутураат и оти може да се очекуваат и нови мутации освен постојните. Тоа, нагласи, не значи дека треба да се затвораме и да има реструкции, туку масовно да се вакцинираме за да кој било следен бран го дочекаме подготвени, бидејќи некои од предвидувањата се дека оваа состојба може да потрае, иако не може да се каже со сигурност.

Филипче уште кажа дека досега се вакцинирани околу 50 проценти од лицата над 70 години, околу 40 проценти од лицата над 60 години, затоа, според него, сега треба да се стави акцент и на помладите лица. Исто така најави дека денеска во земјава треба да пристигнат 100 илјади дози вакцини „Астра Зенека“ донација од Грција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ