среда, 20 мај 2026

Арифи: Страшна трагедија, ноќва нема да даваме инфомација за бројот на загинати

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали е точно дека има околу 20 починати лица во пожарот во тетовската модуларна болница, градоначалничката Теута Арифи рече дека не може да даде податоци, додека не бидат добиени официјални информации.

„Од што настанал пожарот можат да кажат само стручните служби, форензичарите, крим-техничарите и сите останати кои се вечерва на терен и вршат увид. Колку им дозволуваат условите, ќе работат во текот на ноќта, а увид ќе се прави и утре цел ден“, рече Арифи.

На крајот, Арифи рече дека повеќе не може да дава изјави и додаде дека тука нејзината изјава завршува.

Претходно, премиерот Зоран Заев по излегувањето од состанокот на Кризниот штаб најави дека изјави во текот на ноќта нема да има.

Mинистерот за здравство Венко Филипче преку соопштение изјави дека има најмалку десет загинати лица, но и дека страхува оти тоа не е конечна бројка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ