четврток, 28 мај 2026
Време

Облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 21 до 32 Целзиусови степени. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и услови за појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 21 до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ