Од Министерството за одбрана упатија повик до младите кои сакаат своето образование и професионална кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на Армијата, а ги исполнуваат условите од конкурсот, да ја искористат можноста и да аплицираат.
На конкурсот можат да се пријават кандидати кои се македонски државјани, имаат завршено четиригодишно средно образование, не се постари од 21 година во моментот на пријавување и поднесување на документите и се психофизички способни, што се утврдува од страна на военолекарска комисија.
Подетални информации на веб страницата на Воената академија на следниот линк.






