Генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов информираше дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки вклучително и дел кредити од унгарската линија која ја обебзеди Владата.
„Покрај првичните 40 вработувања, од кои дел се од постојните вработени, а дел нови, следната година се планирани уште 40 бидејќи ќе се удвои капацитетот на прооизводство“, најави Цветанов.
Објектот, како што рече, е изграден за шест месеци, а располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети за домашниот и за странските пазари.
Премиерот Христијан Мицкоски најави натамошна поддршка за домашните бизниси, потенцирајќи дека е импресиониран инвестиција затоа што „Макпрогрес“ од скромен семеен бизнис прерасна во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра.
„Компанијата е еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Како Влада ќе сториме се што можеме за да помагаме ваков бизнис бидејќи 80 проценти е наменето за извоз. Ги сушнавме амбициите и целите и ќе сториме се како Влада да помогнеме да бидеме додадена вредност во делот на реалзиација“, рече Мицкоски.






