понеделник, 8 јуни 2026

Петрушевски: Митото од 2.000 евра е само почеток, ЈО да го истражи тендерот од 18 милиони денари во Царина

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека случајот со наводното примање мито од 2.000 евра во Царинската управа е само дел од поширока афера поврзана со тендер вреден 18 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција, Петрушевски рече дека според информации добиени од свиркачи, лицето кое го посочи како Богац преку комуникација на „Вибер“ со лице по име Џемо наводно го договарал тендерот, а примениот износ од 2.000 евра бил прва од неколкуте исплати кои требало да ги добие.

Според него, Јавното обвинителство треба да ги провери наводите дека Богац требало да добие 10 проценти од вредноста на тендерот, односно околу 1,8 милиони денари.

„ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер“, изјави Петрушевски.

Тој воедно упати критики кон СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче, обвинувајќи ги дека не се оградуваат од, како што рече, криминалните афери поврзани со нивни членови и функционери.

Петрушевски оцени дека станува збор за, како што наведе, „матрица на однесување“ на СДСМ и порача дека граѓаните треба да ја препознаат таквата практика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ