Според информациите од МВР, трагедијата се случила на потегот помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци.
Возачот Б.Б. (76) од Косово управувајќи камион „ман“ со полуприколка со косовски таблички, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната метална ограда и преминал во спротивната лента на автопатот. Таму директно се судрил со автомобил БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот Р.В. од Скопје. Од ударот избил пожар во двете возила, а автомобилот и кабината на камионот целосно изгореле.
Лекар од Итната медицинска помош само ја констатирал смртта кај четирите лица, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција.
Поради вршење на увидот, сообраќајот на скопската обиколница повеќе од шест часа беше во прекин и се пренасочуваше. Од утрово во 5 часот сообраќајот на обиколницата е целосно нормализиран.






