Во ера кога дигиталните плаќања стануваат нов стандард, Иуте пеј (Iute Pay) го става фокусот на оние што најдобро ја разбираат иднината – младите. Со лансирањето на првиот студентски иновациски предизвик, компанијата отвора простор студентите да не бидат само набљудувачи на промените, туку нивни креатори.
Предизвикот е наменет за сите активни студенти кои здружени тимски, ќе имаат задача да осмислат иновативен концепт за користење и позиционирање на Iute Pay дигиталниот паричник – алатка што овозможува едноставно, брзо и целосно дигитално управување со пари.
Учесниците треба да ја претстават својата идеја преку кратко креативно видео од 60 секунди и едноставна презентација, на начин кој ќе им овозможи да комбинираат креативност, стратегија и практична примена – од маркетинг пристап до конкретни продукт решенија.
Најдобрите концепти ќе бидат избрани преку јавно гласање, што значи дека учесниците ќе имаат можност да ја тестираат својата идеја пред реална публика и да изградат видливост уште во рана фаза.

Покрај наградите до 3.000 евра, најуспешните тимови ќе добијат и нешто уште повредно – можност нивната идеја да биде разгледана за реална имплементација.
„Ова не е само натпревар, туку платформа за идеи што можат да направат вистински импакт. Веруваме дека младите имаат јасна визија за тоа како треба да изгледаат дигиталните финансии – едноставни, достапни и прилагодени на нивниот начин на живот,“ вели Александар Петковски, извршен директор на Иуте Македонија.
Овој повик и студентски предизвик е реализиран во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“(ФЕИТ), кој ја препозна вредноста на оваа иницијатива, преку активна вклученост на студентите во развојот на платформата за јавно гласање. Нивниот придонес овозможи функционално и современо дигитално искуство, преку кое најдобрите идеи ќе бидат избрани токму од публиката.
Пријавувањето на тимови е отворено до 18. мај на futurefinance.iute.mk.






