„Портата која се гради на влезот на Лавце во себе ќе го има поставено знамето на талибанците! А половина од истиот натпис на портата се наоѓа на знамето на исламската држава во Ирак и Сирија – озогласената ИСИС. Ова на социјалните мрежи со гордот е објавено преку Xhamia e fshatit Llacë – Tetovë преку кој профил се пренесуваат новости за изградбата на овој терористички споменик кој ќе ги носи знамињата на ИСИЛ, талибанците и албанското знаме!!! Дали наместо македонско знаме се поставува знаме на ИСИЛ за да покажат дека таа територија припаѓа на исламска држава????“, пишува во објавата на Млади за Македонија.
Оттаму појаснуваат дека ова се случува во Општина Тетово, со која раководи градоначалникот Билал Касами, „омилениот коалициски партнер на ДПМНЕ и Мицкоски!!!“.
„Поставуваат знамиња на ИСИЛ и талибанците на државен пат платен со наши пари!!!
Потсуваме дека пред околу година дена двајцата работници кои работат на доизградбата на црквата Св. Петка во гостиварското село Галате (Општина Врапчиште) беа уапсени за изградба на црквата! Црквата беше неосновано пријавена во полиција од градоначалникот Исен Шабани како дивоградба, а полицијата на Панче Тошковски вчера ја прекина градбата, а денес ги апси работниците. За црква полицијата на Панче Тошковски апсеше!!! А каде е сега полицијата на Панче Тошковски??? Ќе апси ли полицијата за изградба на споменик на ИСИС на државен пат??? Ќе молчи ли полицијата на величење на тероризамот??? Јавно ги повикуваме ОЈО и МВР итно да преземат мерки против овие талибанци и оваа дивоградба!!! Потребна е најитно реакција сега и веднаш. Јавно ги повикуваме Христијан Мицкоски, Панче Тошковски, Владата на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за локална самоуправа, ОЈО и МВР итно да преземат мерки против овие талибанци и оваа дивоградба!!! Бараме акција сега и веднаш!!“, пишува на фејсбук профилот на Млади за Македонија.
Засега нема никаква реакција од повиканите институции и функционери на извршната власт.