Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски посочува дека од ЕУ се заинтересирани и за коридорот 10, најдолгиот и највитален коридор, кој почнува во грчкото пристаниште Пиреја и завршува во главниот град на Финска, Хелсинки.
„Така што многу се заинтересирани за двата коридора. Ние имаме среќа што двата паневропски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски Коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните“, истакна вицепремиерот Николоски.






