среда, 3 јуни 2026

МЈА: Реформата на јавната администрација e еден од клучните успеси на државата

Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на реформата на јавната администрација, претставува значајно признание за посветената работа на Владата и Министерството за јавна администрација во изминатиот период. Фактот што реформата на јавната администрација беше издвоена како една од клучните области во кои е постигнат опиплив напредок, е, потврда дека државата се движи во вистинска насока, кон изградба на професионална, ефикасна, отчетна и модерна јавна администрација, усогласена со европските стандарди и вредности“, пишува во соопштението.

Министерството за јавна администрација во изминатиот период интензивно работело на подготовка и реализација на реформските процеси, воспоставување на јасни механизми за професионализација на администрацијата, унапредување на управувањето со човечките ресурси, дигитализација на услугите и креирање политики што обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница, се додава во соопштението.

„Стратегијата за реформа на јавната администрација и позитивните оценки од европските партнери претставуваат резултат на заедничкиот труд, посветеноста и одговорноста на сите институции вклучени во реформскиот процес.

Ова признание претставува обврска да се продолжи со уште поголема енергија, посилен интензитет и уште повисоки амбиции, како и дополнителен мотив во спроведувањето на реформите што ќе обезбедат современа администрација по мерка на граѓаните и институции подготвени да одговорат на предизвиците на европската иднина.

Остануваме целосно посветени на реформската агенда и на европскиот пат на државата, уверени дека секој постигнат резултат денес, претставува нов чекор кон нашата заедничка цел – подобар животен стандард за сите граѓани и полноправно членство во Европската Унија“, соопшти Министерството за јавна администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ