„На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, посочил Мицкоски.
Македонците во Албанија, потенцирал тој, се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.
„Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, нагласил премиерот Мицкоски.

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај.

На брегот на Преспанско Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа.






