недела, 10 мај 2026

Македонските ракометари се собраа во Скопје пред баражот за СП

Ракометната репрезентација на Македонија денеска во Скопје ги стартуваше подготовките за бараж двомечот против Словачка за пласман на Светското првенство кое ќе се игра во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците во хотелот „Александар Палас“, каде што националниот тим ќе ги одработи првите тренинзи пред заминувањето за Словачка.

На денешниот собир присуствуваше и претседателот на РФМ, Александар Стефанов, кој им даде поддршка на репрезентативците и на стручниот штаб пред важните натпревари.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словачка се игра в четврток од 19:00 часот, додека реваншот е закажан за в недела во истиот термин во СЦ „Борис Трајковски“, каде што македонските ракометари ќе бркаат пласман на ново големо натпреварување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ