Се пишува и дека веќе е одлучено, Мурињо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез ги прифатил условите на Португалецот, а се ќе биде објавено по крајот на сезоната.
Но, изјавата на Мурињо е поинаква од она што се пишува.
„Сум немал контакт ниту со претседателот ниту со било кои важни луѓе од Реал Мадрид, и нема да имам се до последниот меч од лигата. Потоа ќе имам недела во која ќе имам слобода да разговарам со кого сакам“, рече Мурињо.






