недела, 10 мај 2026

Дарио Ивановски на трката во Скопје постави нов државен рекорд

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма, откако триумфираше на трката на 10 километри во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Ивановски рутата ја истрча за 30 минути и 34 секунди, со што го подобри претходниот национален рекорд за 16 секунди и стигна до уште едно големо достигнување во својата кариера.

Второто место во машка конкуренција му припадна на Димитар Илиев со време од 32 минути и 27 секунди, додека трет низ целта мина Муџахед Мислими.

Кај дамите најбрза беше Греша Бакрачи од Косово, која трката ја заврши со време од 35 минути и 18 секунди. Второто место го освои Теодора Симовиќ, а на третата позиција се пласира Фросина Михајловска.

Ова издание на „ХалкЕко Скопје трча“ собра повеќе од 2.000 учесници од 16 земји, а настанот уште еднаш донесе одлична атмосфера низ скопските улици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ