Манасиевски истакна дека новиот бугарски премиер, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика и дека неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, народ, идентитет и историја се одамна познати.
„Очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара. Во вакви околности, кога е потребен јасен и цврст став во одбрана на македонските интереси, Венко Филипче избра спротивен пат“, рече Манасиевски.
Според него, СДСМ и Филипче испраќаат порака дека доколку дојдат на власт би ги спровеле уставните измени и би прифатиле политики кои се во согласност со барањата на Бугарија.
„Наместо да застанат на страната на Македонија, тие го избраа антидржавниот, бугарски пат. Откажување, попуштање и тргување со најважните национални прашања“, изјави Манасиевски.
Тој додаде дека, како што рече, „она што Зоран Заев го започнал, Венко Филипче е подготвен да го доврши“.






