недела, 10 мај 2026

Жена е тешко повредена откако автомобил удри во пешаци

Две лица биле повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила во Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МВР вчера во 12:50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“, патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Д. И. од Скопје, удрило во двајца пешаци.

Во несреќата тешки телесни повреди добила 57-годишната Ф. С. од Скопје, додека 27-годишниот А. Т. се здобил со телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. објави Скопје1.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ