недела, 10 мај 2026

Најмалку 15 полицајци убиени во самоубиствен напад во Пакистан (ВИДЕО)

Најмалку 15 полицајци беа убиени во самоубиствен напад врз безбедносен објект во северозападна пакистанска покраина што се граничи со Авганистан, соопштија официјални лица.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил во округот Бану во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што терористи се забија со автомобил полн со експлозив во полициски контролен пункт во текот на ноќта. Нападот беше проследен со интензивно пукање.

„Најмалку 15 полицајци беа убиени“, изјави регионален полициски службеник за германската новинска агенција ДПА. Во нападот беа ранети и три лица, додаде тој.

Локалните медиуми прикажаа снимки од урната зграда и спасувачи кои бараат тела.

Северозападната покраина, која се граничи со Авганистан, со децении се соочува со милитантни групи и непрекинати напади.

Покраината регистрирала 3.811 терористички инциденти во 2025 година, вклучувајќи 16 самоубиствени напади.

Вкупно 5.397 терористички инциденти, вклучувајќи 27 самоубиствени напади, беа пријавени во Пакистан во текот на годината, според канцеларијата за односи со јавноста на пакистанската армија (ISPR).

Пакистан тврди дека има зголемување на терористичките инциденти откако авганистанските талибанци ја презедоа контролата врз Кабул во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ